После црвениот картон на струмичанецот, ВБА неможеше да се справи со Тотенхем и претрпе минимален пораз 1-0. Тренерот на ВБА, Стив Кларк го обвини Попов за поразот и го осуди крајно неспортскиот потег.
Подоцна Попов преку официјалниот профил на “Твитер“ од неговиот соиграч Питер Одимвинге се извини за црвениот картон. Интернационалецот во Англија ќе ги пропушти натпреварите со Ливерпул, Сандерленд и Челси.