Италијанската фудбалска федерација го суспендираше тренерот на Интер, Жозе Мурињо со три натпревари во трибините по неговиот гест кон главниот судијата Таљавенто.


Судијата им покажа црвени картони на Самуел Ето и Иван Кордоба и веднаш по тој инцидент Мурињо почна хистерично да се смее кон судијата и да покажува гестови со рацете како тие да му се врзани со лисици.

Покрај суспензијата од три меча, Мурињо доби и парична казна од 40 000 евра. Ето и Кордоба добија само по еден натпревар суспензија од Серија А, а Сали Мунтари и Естебан Камбијасо по два.

Камбијасо наводно се обидел да удри фудбалер на Сампдорија на одење до соблекувалните а Мунтари навредил судија откако беше заменет.Инцидентот се случи на вчерашниот натпревар на Интер на Џузепе Меаца  го пречека тимот на Бари, а  натпреварот заврши  0:0

Ohridnews
“Извор Макфакс“