Италијанската фудбалска федерација го суспендираше камерунскиот интернационалец Самуел Ето на три меча неиграње поради ударот со глава “ала Зидан“ над словенечкиот интернационалец Цесар на мечот минатото коло против Киево.

 Покрај суспензијата Ето заработи и казна од 30.000 евра.

Ето кој е најсветлата точка во составот на Рафаел Бенитез ќе ги пропушти мечевите со Парма, Лацио и Чезена.