Три лица се убиени, а уште две се повредени во оружениот инцидент што вчера попладне се случил во познатото туристичко место Валона, Албанија, јави МИА.
Инцидентот се случил во ресторан кај плажата Расум кога се уште непознато лице отворило оган од автоматска пушка „калашников“, при што смртно настраделе две момчиња на возраст од 17 и 20 години и жена – турист на возраст од 40 години.
Двајцата повредени биле пренесени во болница и се наоѓаат вон животна опасност.
Инцидентот предизвикал паника и страв кај присутните на плажата.