Најмалку три лица се повредени, од кои двајца потешко во вооружен инцидент што се случил синоќа во зграда за прослави во Малме, на југот на Шведска. Во моментот на пукањето во зградата имало од 70 до 100 луѓе, јавија локалните медиуми. Шведската полиција, која трага по напаѓачот засега не може да потврди дали се работи за изолиран инцидент или е поврзан со судирот на криминалните групи што е во пораст.
Претходно, медиумите известија дека во текот на ноќта се повредени четири лица во вооружен судир на маскирани мажи на мотори врз еден автомобил. Напаѓачите избегале, а полицијата во меѓувреме соопшти дека инцидентот го истражува како обид за убиство.
Неколку часа по овој напад се слушнала експлозија во предградието Хеленехолд.