Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „пустошење на шума“, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против три лица: од охридското село Лешани, од Кичево и од кичевското село Србјани.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, пријавените, казненото дело го сториле на 20-ти октомври минатата година  во шумскиот појас во атарот на селото Лешани. Околу 13 часот и 30 минути, вработен во шумочуварската служба ги забележал пријавените кои без издадена дозвола и спротивно на законските одредби, со моторни пили вршеле сеча на дрвна маса, а во непосредна близина биле врзани коњи со кои требало да се изврши транспортот на пресечените дрва.

Од увидот на местото на настанот, извршен по претходна консултација со Јавен Обвинител, констатирано е дека бесправо се исечени вкупно 14 метри просторни дабово дрво по што целокупната дрвна маса е предадена на чување во шумското претпријатие во Охрид.

OhridNews