Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба на дрва“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 31- годишно и 18- годишно лице од струшкото село Франгово како и против жител од  селото Радолишта.

На 17 овој месец, пријавените биле затекнати во бесправна сеча на букови дрва во шумски терен кај местото Гропа во атарот на струшкото село Франгово. Полициските службеници како и шумскиот полицаец констатирале дека пријавените на туѓ имот неовластено пресекле околу 40 стебла  букови дрва кои веднаш потоа ги префрлиле на соседна локација оддалечена околу  100  метри, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.  

На лице место, шумската полиција ги одзела бесправно исечените и нежигирани букови дрва во количина од 14  кубни метри.

OhridNews