На магистралниот пат Охрид-Кичево, денес, во 09.05 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 57-годишно лице од Скопје и возило „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, управувано од 64-годишно лице од Охрид.
Со тешки телесни повреди се здобил возачот од Скопје на кого му е укажана лекарска помош во болницата „Св.Еразмо“. Со телесни повреди констатирани во Општата болница во Охрид, се здобиле и 60-годишен сопатник во првиот автомобил и возачот на вториот автомобил.
OhridNews