Три лица се повредени во судар на автобус и две патнички возила што се случил утрово во 7 часот на клучката на излезот од Охрид.
Повредените лица се пренесени во Општата болница во Охрид, каде им е укажана помош.
На местото на настанот извршен е увид, кој треба да ги открие причините за незгодата.
OhridNews