Изминатото деноноќие, во периодот од 07,00 часот на 03.04 до 07,00 часот на 04.04.2020 година, три лица во Охрид и едно во Кичево не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, инфофмира СВР Охрид.
Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна. Во истиот период, не се регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Нема нови лица со решение за изолација, а евидентирани се 3 нови лица во самоизолација, сите од Дебар. Полициските службеници извршија 86 контроли на угостителски објекти. – информира полицијата.
Стабилна е безбедносната состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба, Во рамките на предвидените мерки во оперативниот план, полициските службеници ги реализираат мото-патролите низ градските средини и приградските населби. Притоа, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди. Непречено се одвива процесот на извлекување на лицата кои во изминативе 14 дена беа во самоизолација а денеска, од Дебар ќе биде извршен спровод на две лица, соопшти полицијата.
OhridNews