Малезиската полиција врши претрес во домовите на двајцата пилоти на исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс“, откако властите во вчера соопштија дека движењето на леталото намерно било пренасочено,, јавува „Макфакс“.
Во мистеријата што го обиколи светот околу исчезнувањето на авионот на летот Куала Лумпур – Пекинг со 239 патници и членови на екипажот, на 7 март почнаа да се појавуваат докази кои даваат ново светло на целиот случај.
Едниот од нив е дека транспордерот, односно уредот кој испраќа сигнали преку кои радарот може да го препознае авионот, бил исклучен еден час по полетувањето. Тоа не е нешто што може случајно да се случи, некој во кокпитот морал да го направи тоа.
АСКАР или системот за испраќање пораки и извештаи што се наоѓа во авионот, исто така, бил исклучен. Во повеќето авиони, тој може да се исклучи само со еден прекинувач, а и во овој случај тоа мора да го направи пилотот.
Авионот не летал по курсот по кој би требало да се движи. За ова да биде можно, некој морал да управува со авионот.
Малезиската полиција испитува и еден симулатор за летање пронајден во домот на капетанот на екипажот од исчезнатиот Боинг 777.
Полицијата ја прошири истрагата и на сите техничари кои биле во контакт со авионот.
Полицијата изврши претрес во домовите на пилотот и копилотот веднаш откако малезискиот премиер Наџиб Резак на прес конференција во саботата во Куала Лумпур изјави дека постојат податоци дека некој намерно го пренасочил Боингот кој од Куала Лумпур тргна кон Пекинг, а исчезна над Јужното кинеско море.
Екипажот не прогласи аларм, ниту јави било што што би можело да укажува дека има проблем.
Индија денеска ја прекина потрагата по исчезнатиот авион на подрачјето околу Андаманските и Никобарските острови и во Бенгалскиот залив на Индискиот океан западно од Малезија и чека нови инструкции од Куала Лумпур.
OhridNews
извор:„Макфакс“