Ноќеска на полноќ истече крајниот рок до кога политичките партии, коалициите и независните кандидати и листи требаше да ги поднесат своите кандидатури за локалните избори на 17 октомври до Општинските изборни комисии (ОИК).
ОИК Охрид информираше дека се поднесени три кандидатури за градоначалник и 11 советнички листи од кои три се независни. кандидатури се поднесени од пет политички партии и три коалиции. Официјално, носителите на листите ќе бидат објавени од кога ќе бидат потврдени листите.
Државната изборна комисија (ДИК) најави дека во текот на денов ќе ја соопшти точната бројка на поднесени кандидатски листи за изборите. Откако Општинските изборни комисии официјално ќе ги потврдат сите кандидатури и тоа најдоцна до 18 септември, тие ги доставуват листите до ДИК за да биде извршено жребување за нивниот редослед, што треба да се одржи најдоцна до 23 септември. Кандидатите за градоначалници и листите за советници на една партија или коалиција добиваат ист реден број во сите општини.
К.А