Еден жител на Обединетите Арапски Емирати купил три камили за рекордна цена од 6,45 милиони долари, на аукција одржана во пустината јужно од Абу Даби. Аукцијата била одржана во вторникот во рамките на фестивалот за преживување во пустина, на кој учествувале најголемите сопственици на камили во земјата, меѓу кои се принцовите и племенските водачи.
Емиратскиот трговец Хамдан бен Гаменги најскапата камила ја купил за 2,7 милиони долари. Во рамките на фестивалот се одржува и натпревар во најдобро подготвување на храна на база на месо и млеко од камила, како и натпревар за најдобра поезија која обработува содржини за камилите.