Синоќа, во Куќата на Робевци беше отворена заедничка изложба на уметнички слики на Ивана Настоски и филигрански накит на Ивана Стојановска Станковиќ, и двете -графичарки и магистри на Ликовната академија во Скопје.
За уметноста на двете Ивани говореше уште една Ивана, архитектот Ивана Групче, член на културниот проект “Артерија”, организатор и промотор на серијата изложби која е закажана за оваа сезона во “Куќата на Робевци”.
-Ивана Настоски го создава својот универзум преку симболи кои се појавуваат уште во праисториската уметност, а трпат своевидна трансформација низ сите подоцнежни периоди на уметноста.Тука се познатите: Превртениот триаголник, Праисториската Божица Мајка, отворајќи ги и поставувајќи ги на сцена вечно актуелните прашања за женскиот и машкиот принцип, за континуитето на животот, за раѓањето и за смртта. Посебен акцент Ивана Настески става на женската фигура, токму инспирирана од Големата Божица Мајка, трансформирајќи ја нејзината слика во модерна жена, издолжена, грациозна и елегантн. – рече Ивана Групче која додаде дека токму во тој контекст се спојуваат двете Ивани, зашто филиграните на Ивана Стојановска Станкоивиќ се инспирирани од жената и наменети за жената, за модерната жена. Нејзината колекција “Сјај” (Сјаење) како фокус на изработка го има герданот кој е централен украс ана естетскиот живот на една модерна жена.
Изложбата на двете Ивани ќе трае до утре, 4 мај 2014 година.
OhridNews
Димче Донески