Околу три илјади ласици во едно село во Франција, успеале да побегнат од фармата и да се разбегаат по околното подрачје, поради што жителите на тој крај се сега во опасност, известува полицијата.
– Животните побегнаа од единствената фарма за ласици, и мислиме дека се работи за човечка штета, односно дека некој ги има намерно пуштено животните, велат во полицијата.
За лов на диви животни ангажирано е здружение за лов на диви животни.
„Се работи за месојадци, мали животни кои можат да касаат и да бидат доста опасни“, известуваат од полицијата и додаваат дека ќе упатуваат писмени и усмени предупредувања на жителите во регионот.