Три и пол годишно девојче од Скопје е шестата жртва на вирусот А (Х1Н1) во Македонија.

Девојчето било примено на Клиниката пред пет дена во исклучително тешка општа состојба поради што веднаш било ставено на респиратор. Уште од шестмесечна возраст се лекувало, а во неколку наврати било и хоспитализирано на Детската клиника поради грчеви.

Во последните 24 часа на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 17 нови пациенти, додека на Инфективното одделение во Воената болница  се згрижени уште тројца сомнителни за вирусот А (Х1Н1).

Ohridnews