Поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски доби три и пол годишна затворска казна за злоупотреба на службената положба при набавка на резервни делови за армијата.
Иста затворска казна заработи и поранешниот началник на Генералштабот на АРМ Методи Стамболиски.
Затворски казни од по три години добија и Ацо Ѓурчевски, Нелко Менкиновски и Митре Петковски, исто така вмешани во случајот со набавка на резервни делови за армиските тенкови.
„Одлуката најблаго речено е скандалозна. Ние правната битка ја добивме во судницата. Во изминатите 13 месеци во целост докажавме дека јас и другите обвинети сме невини. Но очигледно, коректноста на судијата беше скршена во последните неколку денови“ изјави Владо Бучковски.
Ohridnews