Поранешниот разузнувач Зоран Верушевски е осуден на затворска казна од три години за недозволено поседување на оружје.
Ваква пресуда денеска донесе Кривичниот суд во Скопје.
„Ова е уште една потврда на се што беше изнесено во извештајот на Прибе“ – им се обратил осудениот на новинарите пред да биде прекинат од судијата.
Против Верушевски, кој е во притвор, се води уште една судска постапка во случајот „Пуч“.
OhridNews