Веќе три години светски познатата франшиза „Нуга Бест“, развива успешна приказна во Охрид. Станува збор за јужнокорејска медицинска компанија која ги комбинира принципите на западната и алтернативната медицина. Терапијата е наменета за секојдневна употреба, а медицинските производи се користат и за домашна употреба. „Сменете ги животните навики, користете ги терапиите на „Нуга Бест“ и живејте подолго и посреќно“, порачуваат од центарот во Охрид. По повод третиот роденден „Нуга Бест“ – Охрид нуди поволности и изненадувања за клиентите.

„Нуга Бест“ програмата која три години ја ползуваат охриѓани и посетителите, е водечки глобален бренд во областа на алтернативната медицина. Распространета е во над 150 земји во светот и брои 5.500 центри, а во Македонија е присутна осум години.

Станува збор за модерна медицинска технологија која се препорачува на секого, почнувајќи од 4 години па се до најстара возраст, вели Марина Златеска, менаџер на салонот „Нуга Бест“ во Охрид.

Се третираат сите деформитети на р’бетниот столб, но терапијата помага и во лекување на астма, несоница, алергии, депресија, намален имунитет. Голем е бројот на здравствени придобивки, меѓу кои детоксикација на телото, регенерација, забрзување на метаболизмот и ослободување од болки, зависно од деформитетот. Креветот N5 за топлинска масажа, се покажа како многу ефикасна терапија против ревматизам, артритис, болки во вратот, р’бетот и слично. Со редовна употреба, помага телото да го обнови имунолошкиот систем. – истакнува Златеска.

„Нуга Бест“ користи напредна технологија која придонесува да се воспостави баланс во организмот и превенира болести. Терапијата бара упорност и трпение за да се постигнат очекуваните резултати, а најдобар доказ се големиот број задоволни клиенти кои ги користат услугите на „Нуга Бест“ – Охрид, додава Златеска.

Во терапијата се користат специјални камења кои, кога ќе се загреат, ослободуваат терапевтски бранови кои го подобруваат дишењето, ги чистат порите на кожата, ја подобруваат циркулацијата на крвта и метаболизмот.

Делува на целосно опуштање на нервниот систем, се подобрува сонот, а со тоа се намалува потребата за конзумирање средства за смирување, делува како антидепресив.  Терапијата ги намалува болките во колено, рамо, стапало, пета, ципа, шилците исчезнуваат, се намалува трнењето во рацете, грчевите во мускулите, се затоплува телото.

По повод третиот роденден, во центарот „Нуга Бест“ во Охрид од 13 до 16 февруари, ќе има гратис третмани и попуст на ваучери. Термин може да се резервира на 076 748-363 или директно во центарот „Нуга Бест“ во Охрид на добро познатата локација на улица„Мите Богоевски“ бр 1, во близина на општината и економското училиште.

OhridNews