Лингвистот Д’Армонд Спирс од Минесота, САД разговарал со својот син само на Клингонски јазик првите три години од неговиот живот за подобро да разбере како децата учат јазик и дали е можно да научат јазик на кој зборуваат вонземјаните. Гледајќи ги Ѕвездените Патеки му дошла идеја повеќе фрази да преведе на Клингонски. Неговата сопруга продолжила да се држи до Англискиот јазик.
Вели дека го интересирало дали детето ќе го прифати јазикот како што го прифаќа човечкиот и започнал да го учи. Имал совршен акцент и никогаш не ги мешал зборовите со англискиот. Се сретнал со мали проблеми бидејќи не постоеле клингонски зборови за пелени или шишенце. Подоцна морал да се откаже од проектот бидејќи детето почнало да го игнорира кога зборувал клингонски.