Силната доверба што ни ја укажувате, Вие почитувани читатели, само не обврзува да продолжиме да се подобруваме и да ги поправиме грешките, за кои веруваме дека имате разбирање оти се составен дел од работата. Подготвуваме и повеќе новини, за кои цениме дека ќе ги оправдаат вашите очекувања.
Најдрагата честитка
Изминатите три години трпеливо го градевме нашиот медиум, да биде респектиран од сите, но особено од пребирливата охридска публика. Но, не застануваме тука. Наредниот период нашите активности ќе ги насочиме кон негова надградба, за преку навремено, точно и објективно презентирани информации да го задржиме вашето внимание, но и да се обидеме преку заеднички ангажман да го подобриме живеењето во нашиот град во сите аспекти. Токму за таа цел, Ohridnews преку почитување на професионалните новинарски начела и натаму напорно ќе работи и во иднина за да ја оправда вашата доверба и да го задржи интересот на читателите, за кои впрочем и постои.
Ви благодартиме на довербата.
Ваш Ohridnews