Но доволна е една слика, неколку стихови и добро познат глас и се се брише. Се бришат годините и се е како да било вчера, како ништо да не се случило, го чувствуваме меѓу нас, неговата музика, љубов, добрина, верба.
Само љубовта ја има таа моќ да ги победи времето и просторот, да постои и кога физички не постоиме на овој свет.Таа љубов што ни ја остави Тоше се мултиплицираше и ги топли срцата на многумина потсетувајќи не секој ден како да бидеме подобри луѓе. Ако барем малку се угледаме на него,ако се потрудиме секој ден да направиме по едно добро дело како што правеше тој, тогаш вечно ќе живее во секој од нас и еден ден ќе го заслужиме Небото како што го заслужи Тој.