ПС Струга поднесе кривична пријава против управители на три фирми од Струга на возраст од 48, 39 и 41 година, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, „фалсификување или уништување на деловни книги“ и „пустошење на шуми“.

Управителот на првопријавената фирма, на 28.06.2014 година издал пет фиктивни испратници на втората фирма инволвирана во случајот за превоз на 50 метри кубни дрва, при што на испратниците не внел дека дрвата се сечени од приватна шума. Второпријавената, покрај одобрената сеча на дрва за која имала договор со ЈП „Македонски Шуми“ извршила и бесправна сеча на необележани дрва. Третопријавената фирма бесправно исечените дрва ги транспортирала до с.Долно Татеши, информираат од МВР.

OhridNews