Охридските љубителите на филмската уметност во среда на 11-ти ноември 2015 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ќе имаат можност да погледнат три кино проекции во 3Д технологија. Филмовите ќе се прикажуваат во рамки на проектот „Мобилно 3Д кино“ кој го реализира дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје.

Со почеток во 17 часот ќе се прикажува 3Д филмот „Чарли Браун и Снупи“. Во 19 часот ќе се прикажува 3Д проекцијата на филмот „Лавиринт: Бегство низ Пустошот“, а во 21:15 часот ќе биде прикажана 3Д проекцијата на филмот „Марсовец Спасувачка Мисија“.

Влезниците за кино прекциите чинат 200 денари.

OhridNews