Првиот филм кој денес ќе се прикажува во рамки на Фестивалот на француски филм е “ Среќен сум што е жива мајка ми” ( 2009) во режија на  Клод и Натан Милер. Главните улоги ги толкуваат: Венсан Ротје, Софи Катани, Кристин Сити. Почеток во 17 часот и 30 минути.

Следува краткометражниот филм “ Умилната Мира” ( 2009) во режија на Франк Виктор. Главните улоги ги толкуваат: Сибел Вилмањ, Франк Виктор, Каролин Бург, Венсан Дениар, Мод Миерс, Лоран ињи, Седрик Вилнав. Почеток на проекцијата е во 20 часот и 30 минути.

Како последен филм за денес на програмата е: “ Трефова дама” ( 2010) од режисерот Жером Бонел. Улоги: Малик Зиди, флоранс Лоаре Кај, Жан Пјер Дарусен, Натали Бутефе, Марк Сити.  Почнува во 21 часот.

Ohridnews