И покрај сите разни креми, лосиони и додатоци кои ни помагаат стапалата да ни бидат убави и здрави, многу често ги забораваме и правилно ги негуваме дури кога на ред е летото и треба да облечеме сандали.
Но, постојат три едноставни чекори за убави и негувани стапала кои може да ги примениме во секој момент.
Чекор 1: Купка
Постојат различни готови купки, чија намена е токму омекнување на задебелената кожа на стапалата. Доколку сте од оние што сакаат да употребат нешто што имаат дома, купката може да ја направите ако додадете во топла вода крупна сол или малку млеко со неколку капки етерично масло од чајно дрво.
Чекор 2: Пилинг за стапала
Го знаете ли она чувство на мека кожа под прстите после користење на пилинг? Токму таква ќе биде вашата кожа на стапалата доколку го правите во својата педикирска рутина. Два пати неделно, за време на туширањето направете пилинг на стапалата, па нанесете хранлив крем или лосион. Според зборовите на Џин Сун, педикир на славните убавици Бијонсе и Џенифер Лопез, тајната на убавите стапала е токму зачестеноста на пилингот.
Чекор 3:Регенерациски кремови
Многу богати и хранливи креми и масти, можат да ги омекнат и најтврдите стапала. Облекувањето на памучни чорапи, после нанесување на крем, е уште еден добро познат трик кој дополнително ќе го подобри овој чекор. На тој начин се задржува влажноста која ја дава кремот и повеќе се впива во кожата.
извор:www.moda.hr