Во рамки на проектот за одбележување на големиот јубилеј што го организираше Здружението на граѓани “РОДОЉУБИ СВЕТИ ИЛИЈА“, се одржаа и фотографската изложба на роднокрајниот фотограф Танче Ламбевски; изложбата на слики од роднокрајниот сликар Кире Стојоски; проекција на видео-бимот со 150 мотиви од црквата и црквувањето; промоција на каталозите за црквата (“Меѓу Езерото и Планината – Црква на убавината”)`и за селото (“33 причини: зошто во Елшани”); промоција на песната и видео-спотот за песната “Кај што бдее Свети Илија”;
презентација на обредни свадбени обичаи и обредни песни од елшанското традиционално живеење;`промоција на песната “Песна за Лајче Војвода” за елшанскиот војвода Никола Митрев; и други активности меѓу кои , секако,
највпечатлива беше преполната селска елшанска светијонска трпеза на која беа поставени`150 различни традиционални македонски јадења подготвени од секое од 150-те елшански семејства. На богатата трпеза беа додадени и уште многу други подготвени јадења и пијалоци од многу добротвори.
Прекрасната глетка и празничната атмосфера, ја зачинија со песна Сузана Гавазова и Влатко Миладиноски придружувани од групата „Елшански Мерак“. На третиот празничен ден, во понеделникот вечерта, секое елшанско семејство од името на црквата “Свети Илија” како подарок доби по една Библија (Нов завет), по една маица со логото на проектот и на здружението „РОДОЉУБИ СВЕТИ ИЛИЈА“, по неколку разгледници со мотиви од Елшани и од црквата и околината, како и ЦД со песните за Елшани и за Лајче Војвода. Во рамки на чествувањата беше прикажан документарецот за одбележувањето на големиот јубилеј.