Од денеска до недела во Охрид ќе се одржи првото „Drive-in“ – Летно кино. Предвидена е проекција на блокбастери на паркинг, каде гостите уживаат од своите автомобили.
Тридневната проекција ќе се одржи на паркингот Горица 3.
Летното кино вечерва го отвара филмот „The Little Gangster“ (Малиот Гангстер), во сабота се прикажува филмот „Панкот не е мртов“, а во недела на програмата е „The house that Jack built“ (Куќата што ја изгради Џек).
Проекцијата на филмовите започнува во 21:00ч, а со цел да се избегне метеж паркингот ќе биде отворен од 19:30ч при што ќе има „Pre-movie Warm Up“ со млади ди-џеи и изненадувања.
Картите, кои се во ограничен број, за една вечер чинат 400 денари од автомобил со двајца (согласно пропишаните протоколи и мерки за заштита од Ковид- 19) можат да се набават online или на продажните места на „Купи карти за се“, во Охрид во Туристичка Агенција „ВИС ПОЈ“ на „Македонски Просветители”, наспроти Основен Суд – Охрид и ТА „Атлантис“ Охрид на бул. „Туристичка“.
Г.М.