Само да се „исклучат“ после напорниот работен ден на многумина им е потешко отколку што се мисли, а едно истражување покажало дека поради работата три четвртини од британците се будни и за време на ноќта. Истражувањето покажало и дека кога конечно ќе заспијат, третина од нив ја сонуваат работата барем два пати неделно. Освен тоа половина од нив се будат во раните утрински часови бидејќи се загрижени дека нешто се случило на работа.

Истражувањето кое било спроведено на 3000 возрасни британци покажало дека најчеста причина поради немирниот сон е преотовареноста на работа, додека за своите проблеми половина од испитаниците ја окривуваат тешката економска состојба. На крајот на анкетата било заклучено дека околу две третини подобро би спиеле доколку би имале работа која ја сакаат.