Охридските боксери Димитар Ѓорески, Наум Стојаноски и Енис Алиу како дел од македонската репрезентација минатата недела настапија на Балканското првенство во Лозница, соседна Србија. Во силна конкуренција од околу 200 боксери од 13 земји во машка конкуренција тие успеаа да се искачат на пиедесталот на најдобрите, но за жал само со бронзени одличја.

На патот до финалето тие беа спречени од своите противници, Ѓорески од Хрватска, Стојаноски од Украина и Алиу од Албанија.

Особено радува фактот што овој успех го постигнаа во својот дебитантски настап на Балканските првенства.

После успехот на Илче Јоноски од далечната 2002 година кога постана балкански првак, ова е втор по големина успех за Охриѓани на големите натпреварувања.

Следно големо натпреварување за Охридските боксери е меѓународниот турнир “Златна Рукавица” кој ќе се одржи во Ниш, Србија.

 

OhridNews