Пратеникот Амди Бајрам ја резервирал спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје и уште три брода во Охрид за да го прослави сунетот на својот внук Валентин. На семејната веселба освен роднините и пријателите, Бајрам ги поканил и колегите пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“, како и премиерот Никола Груевски, пренесува „Дневник“.

Сунетот на внукот Валентин, Бајрам со многубројните гости ќе го слави два дена. Како што пишува во поканата, прославата ќе почне во домот на семејството Бајрам во Бутел, а честитањето и приемот се планирани во салата „Борис Трајковски“. За добрата веселба ќе се погрижи оркестарот „Кис ми“, а како специјални гости од естрадата се најавени Благица Павловска, Јулија Бикова, Мустафа Шабановиќ и Амела Зуковиќ. Вториот ден веселбата ќе продолжи во Охрид. Бајрам за гостите обезбедил пет автобуси и плех-оркестар, а сунетот на Валентин ќе му биде извршен на еден од трите брода на Охридско Езеро.

Ohridnews
извор: Дневник