Продавниците во главната улица во Лондон оствариле рекордна заработка од 3,5 милијарди евра и тоа само за еден ден, за време на таканаречениот Боксинг Деј. За време на распродажбата, која во Велика Британија, Австралија, Канада, Нов Зеланд и уште некои земји на Комонвелтот, се случува на ден после Божик, 26 декември, и се нарекува Боксинг Деј, купувачите можеле да набават стока дури за 80 проценти поефтино. боксинг Деј првобитно бил дена кога слугите добивале подароци од своите газди. Називот го добил според зборот кутија, која во црквите се користи за добротворни прилози. Во САД најголемите попости се случуваат на Црн Петок и ден после Денот на Благодарноста.

Трговската улица Оксфорд Стрит во британската престолнина ја посетила 120 илјади луѓе, кои купувале користејќи го огромниот попуст. Како што пренесуваат медиумите, најрасположени за купување биле посетителите од Кина кои во една продавница во просек трошеле по 1600 евра, а најмногу купувале скапи чанти и облека. Шопинг грозницаа владеела во стоковната куќа Херодс, која купувачите во редот ги почестила со топло чоколадо и сендвичи. како и настапи на музичари и магионичари. Менаџерот во компанијата Експиријан, Џејмс Мареј, оценил дека од 24 до 26 декември оваа година биле потрошени повеќе пари отколку истиот период лани.