Кралското семејство од Саудиска Арабија гради бизнис зграда во која меѓу останатото ќе биде сместен и најголемиот светски трговски центар. Во зградата досега биле вложени 20 милиони долари, а постои можност трошоците да бидат уште поголеми до крајот на изградбата. Кога се ќе биде завршено, ќе бидат потребни дури 12 минути со брз лифт да се стигне од приземјето до врвот на зградата.


Во зградата висока 1600 метри ќе бидат сместени трговски центар, луксузен хотел, апартмани и бизнис канцеларии. Во еден момент во оваа монументална градба ќе можат да бидат сместени до 80 илјади луѓе, што е еднакво на бројот на жители на еден помал град.