Холандското архитектонско биро “UNStudio” го заврши трговскиот центар во вухан, Кина, чија фасада е прекриена со 42 илјади сјајни сребрени кугли. Архитектите проектирале девет варијанти сфери од челик кој не рѓосува кои ги прекриваат екстериерот на трговскиот центар “Hanjie Wanda Square”, а нивната намена е да створат ефект на бранување на вода или свила. Секоја кугла содржи мала ЛЕД диода која дополнително ја оживува фасадата ноќе.
Три различни влезови ги носат купувачите кон аертиумимите кои се наоѓаат на северниот и јужниот крај на зградата. Директорот на бирото Бен ван Беркел објаснил дека трговскиот центар го одликуваат кружни мотиви кои се повторуваат на многу различни начини и образци, како во фасадата така и во внатрешноста. Монохроматска шема на бои доминира во поголемиот дел на ентериерот и вклучува перфорирани панели, застаклени ѕидови и полирани подови. Во трговскиот центар постојат четири главни нивоа кои се организирани во облик на врвци, а тука се сместени и продавници, ресторани и кино сали. Големи светилници се протегаат преку покривот како би овозможиле продор на дневна светлина во објектот.