Еден од трговските центри во рускиот град Новосибирск одлучил да воведе нова услуга – изнајмување мачки при вселувањето во нов стан, објавиле руските медиуми. На овој чекор се одлучиле поради една стара руска традиција, според која при вселувањето во нови домови најпрво се пуштале мачки.


Тоа била убава традиција, но немале сите можност да чуваат животни. Затоа секој граѓанин во трговскиот центар ќе може да нарача мачка која прва ќе влезе во станот.