Трговец со дијаманти од индиската држава Гуџарат им подарил автомобили, станови и накит на своите вработени како награда што ги исполниле зацртаните цели, соопштила компанијата. Савји Долакиа кој води компанија за извоз на дијаманти во Сурат подарил 491 автомобил, 207 двособни станови и 570 дијамантски огрлици пред Дивалија, фестивалот на светлото кој се слави во четврток. Нареш Мајани, секретарот на компанијата, рекол дека тоа било дел од програмата за лојалност на компанијата. Вработените кои имале доследен извршен учинок во последниве пет години биле наградени.

Наградите биле вредни вкупно околу 5,7 милиони долари, а тие претставувале годишен бонус за вработените. Секретарот нагласил дека дошло до бран од среќа кај вработените откако бил најавен бонусот по повод Дивалија. Додал дека никој во неговото семејство немал автомобил, па кога дознал дека ќе добие возило, неговата среќа не познавала граници. Сите биле возбудени и славеле.