Охридските сини по првиот дел од првенството се наоѓаат на 14 место со 17 освоени бода. Трката за опстанок во вторлигашкото друштво, поради суспензијта, ќе ја започнат од Прилеп против штипска Брегалница, која се наоѓа на само едно скалило погоре со само еден бод повеќе. На отварањето на сезоната овие две екипи одиграа реми 2-2 (Атај и Велкоски беа стрелци на головите)
Борбата за влез во прволигашката елита е помеѓу екипите на Миравци 35, Металург 35, Турново 32 и Скопје30. Според правилата првопласираните две екипи обезбедувааат директен влез во првата лига, додека останатите две играа бараж со деветто и десетто пласираниот од прво лигашката табела.
Во првото коло од втората фаза утре играат
Влазрими – Скопје , Дрита – Нов Милениум, Караорман – Маџари, Вардар (Н)- Алумина, Миравци – Тетекс , Слога Ј – Беласица ГЦ, Локомотива – Турново.
Натпреварите започнуваат во 14 часот.