Јоанес Рутен заедно со својот внук се симнал од авионот во Сиднеј по долгиот лет од Амстердам и помислил дека го чека лето во Австралија. Меѓутоа бил изненаден од фактот дека слетале во Сиднеј Канада каде било зима. Тие резервирале билети преку една туристичка агенција од Амстердам.


Подоцна ги преселиле во друг авион потполно несвесни дека се наоѓаат во погрешна земја. Компанијата Аир Канада бесплатно ги сместила во еден хотел и ќе ги врати назад во Холандија. Дедото прокоментирал дека 24 часа не спиеле, но и дека не се откажува од намерата повторно да заминат за Сиднеј, но во Австралија.