Џош Ривс од Флорида забележал голема ајкула во морето во близина на брегот, го зел кајакот и се упатил кон неа. Човекот инаку работел со ајкули, а завеслал кон рибата бидејќи станувало збор за многу ретка голема ајкула.
Ајкулата била подолга од 12 метри, а тој ја следел со кајак долг само 4 метри. Локален жител со мобилен ја снимил целата ситуација и видеото го објавил на интернет. Џош подоцна истакнал дека не му било страв бидејќи знаел дека овој вид ајкули се хранат исклучиво со планктони.