Започнаа работите од втората фаза од поставувањето на атлетската тартан патека на СРЦ “Билјанини Извори“. Втората фаза опфаќа санација и нивелирање на постојната патека по што италијанскиот Мондо ќе пристигне во Охрид да  го постави тартанот.

Како што најавуваат од АФМ, атлетската стаза (проект вреден околу 500 илјади долари),  ќе биде готова до крајот на септември.

М.Постоловски