Се врати Балазоска ,стигнаа победите  за охриѓанки.За прекин на серијата од два порази  , за прва радост на охриѓанки на домашен паркет совладан скопски Младинец.


Билјана ја прекина серијата порази

Тесно Билјана стигна до победата благодарение на одличниот финиш .Во последниот период колективната игра на гостинките ги доведе на +5 (58-63 ) на пет минути пред крајот. Тогаш стигна помош за Балазоска од Миладиновска и со серијата 7-0 охриѓанки се вратија во позитива .

Во последната минута завршниот “збор“ го имаа скопјанки , но прво Георгиевска не разлизиаше за два ,потоа Латифовиќ не погоди за три  по што двата бода останаа во Охрид .

Билјана 006 – Младинец 68-66 ( 15-16 ,22-17 ,19-18 ,12-15)

Сала Б.Извори .Гледачи 50 .Судии Сарџоски ,Попоски  Скопје

Билјана 006 : И.Ангелоска 2, Тикоска 2 ,Спасеска , Балазоска 32 ,Горичан ,Кузеска 5 , Патчева ,Стерјовска 2 , Миладиновска 19 , Ангелоска 6 .

Младинец : Јосифоска , Латифовиќ 11 , Димоска , Станкоска ,Гоцева ,Георгиевска 19 , Митрашиновиќ 6, Јакимоска  ,Петковиќ 13 .

[email protected]