Охридскиот АМАК СП стартуваше со подготовките за новата сезона. Охриѓани во новата сезона амбициозно влегуваат најавувајќи борба за еден од трофеите во домашните натпреварувања. Покрај домашните “задачи“ АМАК СП оваа година ќе се престави и во Европа преку ФИБА Чееленџ купот.
Првото запознавање новите “дечки“ го имаа во комапнијата АМАК СП ,а на теренот во “Билјанини“ се “собраа“ во попладневните саати.
– На стартот на подотовките ќе се работи два пати дневно. Претпладне ќе се работи на терените на Билјанини, додела попладневниот термин ќе биде резервиран за дружење со топката – не информираше новиот шеф во Охирдскиот табор – Марјан Лазовски.
Покрај странските решенија Лазоовски не ја исклучува можоста во тимот да се приклучи некој од “домашните“ слободни агенти како Аврамовски, Павловски, додека најблиску до сино – белиот дрес е србинот Мијановиќ.