Охридските “бели“ ги стартуваа подготовките за новата второлигашка сезона која ќе ја започнат во Скопје против Цементарница.
Дваесетина голобради момчиња од младинскиот погон кои ќе бидат поткрепа за неколкумината останати првотимци (Лескароски, Чашитоски, Димоски), под тренерската палка на повратникот во македонскиот фудбал Драган Блажески – Крчо ќе се подготвуваат на “Билјанини Извори“ .
Блажески се очекува да го подготви теренот за некое тренерско име кое преседателот на Охрид не сакаше да ни го открие.
– Во преговори сме со неколку имиња, но нема да брзаме со одлуката, го имаме Драган во кого имаме комплетна доверба – вели преседателот на клубот Делчо Максимоски .
М.Постоловски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com