Тревога поради можно големо цунами е прогласена денес во неколку земји на Пацификот по земјотресот со магнитуда од 7,9 степени по Рихтер на истокот од Папуа Нова Гвинеја.

Бранови со височина до три метра може да го погодат брегот на Папуа Нова Гвинеја, соопштија надлежните по земјотресот кој се случи во 11,51 часот по средноевропско време со епицентар на длабочина од 75 километри во западен Пацифик. Американскиот геолошки институт УСГС ја ревидираше магнитудата на потресот од 8 на 7,9.
Се предупредува дека цунамите во идните три часа би можело да ги погоди не само бреговите на Папуа Нова Гвинеја, туку и на Индонесиза и Соломоновите острови, Похнпеи, Чук, Наури, Ваниту…Тревога прогласи и службата за цивилна заштита на Нов Зеланд.

Земјотресите се релативно често околу Папуа која лежи на 4.000 километри од пацифичко-австралиската тектонска плоча, која е дел од ткн „огнен прстен“, жариште на сеизмичките активности поради судирот на двете тектонски плочи.