Обновувањето на фубалското игралиште на “Билјанини Извори“ ги примора охридските “бели“ натпреварот од 25 коло од Вторта МФЛ место во Охрид да го играат во Битола.
Околу 80 килограми нова трева ,,тиволи“ ќе бидат поставени на теренот на стадионот кој вакво реновирање претрпува двапати годишно . Преселбата им донесе среќа на охриѓани кои по пауза од 11 кола, ја забележаа првата победа. Атај беше стрелец на победоносниот гол, кој на амбизиониот охридски лигаш место прволигашкиот му го осигура второлигашкиот статус.
За охридскиот лигаш сезонава што изминува е една од најтурбулентните во историјата на клубот. Во текот на ова првенство ФК Охрид промени четири тренери , и исто толку управи, а претседателите на клубот се менуваа преку ноќ. Константните промени си го зедоа својот данок па така охриѓани место в година да ги гледаат Вардар, Работнички, Македонија ЃП, повторно ќе мора да се задоволат со Цементарница, Миравци, Новаци и Дрита.