„Повеќе од четириесет години живеам во Охрид и вака низок водостој на Охридското Езеро не паметам“, вели наш постар сограѓанин, кого го сретнавме на градскиот кеј. Тој беше еден од многумината шетачи кои гласно размислуваа за опаднатото ниво на Охридското Езеро, какво до сега не се памети. Иако според надлежните се работи за природен процес, повеќе од очигледно е дека состојбата со водостојот на Охридското Езеро е загрижувачка. Најдобар доказ за тоа се фотографиите кои ги направивме вчера на градскиот кеј. Водата длабоко е повлечена од брегот, од дното се надѕираат камења, а под местот пред х. „Палас“ никнува трева.
Трева никна под мостот кај „Палас“
Прецизни податоци за моменталната состојба со водостојот нема. На официјалниот веб сајт на Управата за хидрометеоролошки работи, која единствено е меродавна за мерење на водостојот на езерата, последните податоци датираат од 11 септември кога бил измерен пад од 6 сантиметри под минималната кота која се наоѓа на 693,17 метри надморска височина. Зошто нема податоци за најновите мерења и на кое ниво сега е Охридскот Езеро не се соопштува.
Експертите велат дека опаѓањето на нивото на езерото е вообичаена појава, но опасно е доколку негативниот тренд се задржи подолго време. Тоа негативно ќе влијае на живиот свет во литоралот велат експертите од Хидробиолошкиот институт. Живиот свет во текот на еволуцијата создал одбрамбен механизам за заштита во сушни периоди, но доколку и натаму се задржи намалениот водостој може да има сериозни последци врз него, велат експертите. Намаленото ниво на езерото според нив ќе предизвика негативни геомеханички движења, а ќе влијае и на фрескоживописот во црквите.
На денешен ден во 2013-та започна успешната приказната на Гостилницата „Кај Мече“ во охридската населба „Коњско“ Дванаесет години подоцна гостилницата на познатиот угостител Горан Петрески –...
Со низа реализирани проекти минатата 2024 година Општина Вевчани ги подобри условите за Вевчанци и туристите Беа реализирани реконструкции на локални улици, изградба на канализациска линија, санаци...
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во декември 2024 година, во споредба со ноември 2024 година, е зголемен за 06 % Индексот на цените на...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.