Граѓаните на Охрид реагираат на состојбата во која се наоѓа надворешноста на една од најубавите и нјвредни цркви во градот, Св. Богородица Перивлепта, во народот позната како стар Св. Климент. Во нашата редакција деновиве пристигнаа повеќе реакции и фотографии од граѓани кои забележуваат на неуреденоста на дворот на црквата која пак и самата е обрасната со трева. Според граѓаните состојбата во која се наоѓа црквата не доликува за ваков објект.
црквата Св. Богородица Перивлепта
Охридскиот Завод и Музеј уште пред неколку години најави дека во план е преуредување на дворното место на црквата која потекнува од XIII век.
Првичната идеја беше просторот да се уреди со калдрмата што беше извадена од старата охридска чаршија. Сепак според научната јавност многу позагрижувачка е состојбата во внатрешноста на црквата каде се наоѓа вреден фрескоживопис.
Дел од него речиси целосно е уништен,а доколку најитно не бидат преземени мерки за санација на северната страна од црквата постои опасност вредниот фрескоживопис засекогаш да исчезне.
ohridnews