Крајот на третиот дел од филмот “Hangover” ќе се одигра во Лас Вегас, каде Стју, Фил и Алан ја започнаа својата авантура. Последното продолжение од популарната комедија се очекува во кинаа да пристигне во мај следната година. Бредли Купер, Ед Хелмс и Зек Галифианакис повторно се враќаат на своите улоги од филмот “Hangover”. Дејството на третиот дел од популарниот филм е сместено во Лас Вегас, од каде што и започна комичната приказна која ја освои публиката ширум светот.

Како што пренеле медиумите, режисерот Тод Филипс наводно планирал да сними некои сцени во Тихуана и Лос Анџелес, а кружат гласини дека дружината ќе се обиде да го извлече Алан (Галифианакис) од институција за ментално болни лица. Филипс изјавил дека многумина ќе бидат изненадени од последното продолжение на “Hangover”, а тоа ќе биде совршен крај на триологијата исполнета со хаос, очај и лоши одлуки. Исто така најавил враќање на Мајк Тајсон со помала улога.