Третолигашките екипи Охрид и Сатеска со почеток во 17 часот на „Атина Бојаџи“ стадионот ќе ги одмерат силите во финалето од Општинскиот куп.

Победникот од финалниот натпревар во Општинскиот куп, следната сезона обезбедува директен пласман во 1/16 финалето во Купот на Македонија.

Охрид и Сатеска во полуфиналните мечеви ги минаа Лакочереј односно Дебрца, а во Третата лига два пати се сретнаа и „белите“ со победа и реми беа поуспешни.

OhridNews