Слоу фуд Охрид по третпат ќе го организира настанот „Вкусете го Охрид – локално“ на 27 јули со почеток во 19 часот на плоштадот кај Долна Порта. Посетителите ќе може да вкусат охридски и македонски специјалитети приготвени на традиционален начин.

Слоу Фуд-Охрид е дел од слоу Фуд Македонија и преку своите уникатни приказни полни со искрена љубов кон традицијата и локалниот идентитет, промовираат бавна храна наспроти трендот на брза неквалитетна храна. Слоу Фуд замислува свет во кој сите луѓе ќе можат да уживаат во храна која е добра за нив, добра за оние кои ја одгледуваат и добра за планетата. Нашиот пристап се заснова на концепт за храна што е дефиниран со три меѓусебно поврзани принципи: добра, чиста и правична, потенцираат.

Појаснуваат дека под добра се подразбира квалитетна, вкусна и здрава храна, под чиста- производство што не штети на животната средина и под фер – достапни цени за потрошувачите и правични услови и плаќање за производителите.

Настанот „Вкусете го Охрид, локално“ е организиран од движењето „Слоу Фуд“ Охрид со поддршка на Општина Охрид и „Слоу Фуд Македонија“.

OhridNews